Девојка на Тикток го откри тајното место каде што се губат чорапите по перењето!

popara14 мај, 20231min00
shutterstock2213523387-830x0

Ако некогаш сте се запрашале како чорапите „остануваат сами“ или исчезнуваат по миењето, ќе ви кажеме каде се кријат. Колку и да имате доверба во машините за перење, понекогаш е добро да размислите за рачно перење на мали алишта.

На нејзиниот профил @d7customz на „TikTok“, Рене сподели видео кое стана вирално.

Таа ја реши мистеријата што најмногу збунува, покажувајќи го скриеното место на изгубените чорапи.

Имено, таа се занимава со поправка на машини за перење, па открила дали има место низ кое чорапите можат да се пикнат и да се изгубат. На видеото таа покажува колега како ја отвора задната страна на машината за перење, на чие дно има куп чорапи и хартии.

@d7customz

Do you ever wonder where your socks go? 🧦 #screammovie #fypシ゚viral #washerhacks #socks#maintenance

♬ original sound – GLOSS

Покрај овој метод, има и мал отвор на машината за перење кој е означен токму за ова и се наоѓа во еден агол. Изгледа како правоаголник и лесно се отвора.

Сега конечно мистеријата за исчезнатите чорапи може да се реши, само свртете се кон невидливиот крадец, машината за перење и побарајте ги вашите одамна изгубени и заборавени чорапи.