
Шведската претставничка на Евровизија 2023, Лорин, зборуваше по победата на споменатиот натпревар во Ливерпул.
Лорин не можеше да ги сокрие солзите кога излезе на сцената и откако новинарите ја прашаа како се чувствува што по втор пат победува на Евровизија.

Таа им се обрати на сите и истакна дека ова е голема чест за неа, постојано држејќи го пехарот.
– Ви благодарам, ова е за сите вас, ве сакам! – Лорин беше емотивна при нејзиното обраќање до публиката и сите што го следеа споменатиот натпревар.
