Секој од нас има пријател кој постојано кука, се жали, страда и плаче поради една или друга причина. На таквите им се чини дека цел свет заговара против нив, и дека ништо добро не им се случува – оттаму и вечно досадниот поглед.
Јарец
Некои хороскопски знаци животот го гледаат како црн, а Јарецот е еден од нив. За Јарците е исклучително важно да ги изразат своите чувства. Ако не го сторат тоа, тие можат да станат депресивни. Тие толку се врзуваат за своите емоции што на крајот си предизвикуваат страдање и болка.
Бик
Биковите се интроверти и премногу ја сакаат својата комфорна зона. Мразат промени и кога се менува и најмалата работа во нивната околина (дури и ако е само менување на бирото во канцеларија), се избезумуваат. Тие доживуваат таква болка, како сè во животот да им отишло во неповрат.
Шкорпија
Овој хороскопски знак е многу подложен на страдање, многу длабоко ја чувствува секоја ситница. Шкорпиите даваат премногу во личните односи и лесно се навредуваат ако работите не одат како што планирале. Многу страдаат од осаменост, па дури и при кратка разделба. Во исто време, Шкорпиите обично не ги споделуваат своите чувства, што ја влошува ситуацијата.
Риби
Рибите се генерално многу љубезни и љубовни. Но, тие сакаат да бидат маченици. Премногу сонлив поглед на животот ги прави постојано разочарани дури и таму каде што се чини дека нема причина за разочарување. Рибите едноставно не можат да се помират со фактот дека животот не е бајка.