Драстична промена: Хари Стајлс конечно покажа нова фризура

17 ноември, 20230

И додека многумина слават затоа што британскиот музичар ја објавува својата линија парфеми (достапна на Pleasing.com од 16.11), повеќето верни обожаватели на ликот и делото на Хари Стајлс тагуваат поради објавата на официјалниот профил на неговиот бренд за убавинa која потврди дека 29-годишникот ги отфрлил локните од својот имиџ.

Целосно кратка, речиси избричена коса ги шокираше фановите бидејќи неговата долга коса – која варираше низ годините – стана негов потпис. Дека се потстрижа навестија и фотографиите од концертот на U2 во Лас Вегас, каде го фатија фановите, а реакциите беа главно неодобрување и разочарување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pleasing (@pleasing)

Додуша, реакциите беа многу подобри откако беше објавена фотографија на која тој позира во кафен џемпер и гордо го покажува својот нов имиџ. Фотографијата е направена на промоцијата на парфемот Pleasing во Лондон, каде што беа присутни неговите пријатели и поддржувачи на брендот.

Како и да е, фризурите на Стајлс отсекогаш биле актуелна тема, без разлика дали се работи за неговата пократка или подолга коса, а ова не е првпат да предизвика бурни реакции со нова фризура. Истата реакција ја доби кога во 2020 година се појави со пократка фризура по неколку месеци носење долга, кадрава коса. Стајлс е познат по своите експерименти со косата и речиси и да нема фризура што не ја пробал. Се присетуваме на неговиот класичен изглед.

image

image

image

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi