За СОВРЕМЕН ШИК го бираме овој стил на чевли: Одлично изгледаат и со ПАНТАЛОНИ и со ФУСТАНИ
19 март, 20230
Издржливи, силни и удобни, со задебелени ѓонови и силни врвки, чизмите до глужд, кои пред неколку години можеа да ги видат само луѓето кои поминуваат многу време во природа, за кратко време станаа модна класика. Нивното место во женската гардероба е зацементирано поради леснотијата да се комбинираат со облека од различни стилови, на кои овој тип на обувки им дава доза на современ, груб шик.
За да им ја дадат заслужената видливост, тие се носат со пократки панталони и со памучни чорапи кои шармантно ѕиркаат над работ на чевелот, а кога се носат со мини здолништа се комбинираат со црни мрежести чорапи.