Тејлор Свифт собори рекорди: Пејачката продаде 2,4 милиони билети за концерт во само еден ден

19 март, 20230
taylor-swift-830x0 (2)

Поминаа цели пет години од последната турнеја на Тејлор Свифт, а за тоа време таа објави четири албуми, вклучувајќи го и „Folklore“ награден со Греми.

Со оглед на тоа што поради пандемијата не настапи во живо, нејзиниот прв настап, одржан синоќа во рамките на The Eras Tour, наиде на големо нетрпение од фановите и траеше цели три часа и петнаесет минути.

Тејлор вети дека нејзините настапи ќе бидат своевидно патување низ сите нејзини музички периоди, а интересот на обожавателите е толку голем што системот на Ticketmaster во еден момент падна поради побарувачката на билети.

Но, и покрај ова, турнејата го собори рекордот по бројот на продадени билети за концерти на еден уметник во еден ден.

Продадени се дури 2,4 милиони билети.

Првите критики за концертот се исклучително добри. Повеќето критичари ја истакнуваат обемната сет листа на пејачката.

– Кралицата на попот си го врати тронот – пишува Тајмс.

– Постоеше опасност од мешањето на песни од 10 такви различни албуми да резултира со негативен резултат, но Свифт успеа да го избегне тоа и добро поврза се, иако постојано се пресоблекуваше и ги менуваше сцените во позадина – пишува споменатиот медиум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi