Змејската порта: Неверојатните карпи со илјадници пештери во кои може да го најдете „рецептот за долг живот“

17 март, 20230
62497972-longmen-grottoes

На помалку од дваесет километри јужно од градот Луојанг, во кинеската провинција Хенан, постои неверојатен комплекс од пештерски храмови Лонгмен кои имаат неколку имиња, како што се пештерата Змејска порта или Шумата на античките стели.

Беа потребни 400 години комплексот покрај карпи од речиси два километри да ги добие контурите што ги гледаме денес, на бреговите на реката Ји, во источниот дел на централна Кина. Изградбата на 2.300 варовнички пештери со приближно 110.000 вешто врежани камени скулптури, 2.500 стели со натписи и околу 60 пагоди започнала за време на династијата на Северните Веи, која владеела во IV и V век.

Најголемата статуа е висока над 20 метри, а најмалата е само 2,5 сантиметри. Речиси никаде нема празна ѕидна површина! Серија фигури со издолжени, витки тела, тесни очи и високо подигнати веѓи веројатно биле наменети да послужат како знак на вера. Имено, Лојанг се смета за лулка на будизмот во Кина. Наводно, таму живеела голема будистичка заедница со збир на правила, кои со текот на времето почнале да се шират во остатокот од земјата. Во подоцнежната фаза од изградбата на овој фасцинантен комплекс, Бодисатвите носат накит со скапоцени камења, круни и ѓердани нарачани од богатите. Во пештерата Јаофангдонг се пронајдени и 140 упатства за лекување на разни болести и заболувања.

Пештерите, статуите и натписите се добро сочувани, без оглед на долгите години што поминале, и убаво се вклопуваат во пејзажот што го опкружува комплексот. УНЕСКО ги препозна и пештерите Лонгмен и ги внесе во светското наследство како извонредна манифестација на уметничката форма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi