Никогаш повеќе не треба да ја вклучувате пеглата: Направете спреј од овие три состојки и засекогаш заборавете на пеглањето

25 август, 20230
Домашен спреј кој ќе ви помогне да не ја користите пеглата

Една мајка сподели одличен трик кој ќе ви помогне никогаш повеќе да не пеглате.

Пеглањето е домашна работа во која повеќето луѓе не уживаат, а една мајка Шантел Мила откри трик кој ќе ви помогне да заборавите на пеглањето.

Се што ви треба е да направите домашен спреј кој ќе ви ја исправи облеката за пет минути.

Како да направите спреј
Шантел објасни дека ви требаат две шолји вода, една лажица алкохолен оцет за да ја омекнете облеката и една лажица регенератор за коса, жкој ќе помогне да се омекнат влакната од материјалот, за да се исправи.

Потоа ги меша овие три состојки во шише со спреј, кое потоа го прска на збрчканата облека. После тоа, малку ја исправа и ја израмнува облеката,пред да ја закачи ја остава да отстои пет минути – и толку.

Таа го објави својот трик во видео кое стана многу популарно на социјалните мрежи и порача дека ќе ви биде од корист на патувањата или кога,да речеме, немате време да ја испеглате облеката за на работа наутро.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chantel Mila (@mama_mila_au)

“Морам да го пробам ова! Страшно сум мрзелива кога е во прашање пеглањето”, коментирала една девојка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi