Ова не е градот на светлината: Копија на Париз која е изградена 10 илјади километри подалеку

1 декември, 20230
CHINA-ARCHITECTURE-LIFESTYLE

Ако ја погледнете панорамата на Тиандученг, не можете а да не забележите зграда која неодоливо наликува на Ајфеловата кула.

За разлика од париската кула која се издига до 330 метри, кинеската верзија е направена да зазема една третина од оригиналот, а висока е само 108 метри. Таа е 52 метри пониска од највисоката копија на Ајфеловата кула во светот, која се наоѓа пред хотелот Париз Лас Вегас во Лас Вегас.

Ова не е единствената сличност што Тиандученг ја дели со француската престолнина. Таа кинеска населба во округот Линпинг во провинцијата Жеџијанг во источна Кина почна да се гради во 2007 година со намера да го долови стилот на Париз.

Околу триесет квадратни километри простор е изграден на начин кој ја имитира париската архитектура и пејзаж. Во Тиандученг ќе ги најдете Триумфалната капија, Елисејските полиња, фонтаната од паркот Луксембург и бројни градби направени во француски неокласичен стил.

Францускиот шик требаше да ги привлече Кинезите и да ги инспирира да купат недвижен имот и да започнат живот во Тиандученг. Но, тоа не се случи на почетокот. Отпрвин, само неколку беа подготвени за тој потег. До 2013 година во населбата живееле само околу две илјади луѓе, поради што многумина ја нарекувале град на духови.

Но, овие бројки се значително надминати во последните десет години, како што потврди и екипата на YouTube каналот Yes Theory. Тие отпатувале во Кина под премисата да истражат град на духови во Кина кој личи на Париз, но биле изненадени кога пристигнале.

Иако улиците на Тиандученг беа апокалиптично празни наутро, до вечер тие се преполниле со жители во добро расположение.

Што доживеа тимот на Yes Theory во малиот кинески Париз и како изгледа денес, погледнете во нивното видео.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi