
Среќата ги следи во чекор
Некои хороскопски знаци едноставно имаат повеќе среќа од другите и се чини дека парите се лепат за нив. Среќата ги следи на секој чекор, а игрите на среќа им носат неверојатни добивки.
Во продолжение ви ги пренесуваме трите хороскопски знаци кои имаат најголеми шанси да добијат на лото.
Стрелец
Стрелците се родени како добитници, без разлика дали станува збор за примање подароци, фрлање коцки или играње игри на среќа. Кај нив постои природна леснотија, а со оглед на тоа што ги краси неверојатен оптимизам, не се плашат да се обложуваат на големо и да ризикуваат се.
Нивната смелост редовно се наградува со благословите на лото боговите и бегството од страшните тешкотии. Прекрасното нешто во врска со овие неочекувани пари е тоа што овој огнен знак сака да споделува, па ако имаат, имаат сите околу нив.
Јарец
Кај Јарците среќата доаѓа доцна и полека. Сепак, нивното страдање раѓа стратегија и остро око за нови можности. Најработливите од земјените знаци, тие учат да ја создаваат сопствената среќа и да ги задржат своите придобивки овозможувајчи секој просперитет на кој ќе наидат да има доволно простор да се размножува.
Риби
Рибите се најсреќниот хороскопски знак кога се во прашање добивките во игрите на среќа. Минатата година тие освоиле повеќе награди на лотарија од кој било друг знак, односно 11,6 отсто од сите добивки.