ПАТУВАЊЕТО СО ВОЗ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОЛУКСУЗНО И ПОРАСКОШНО

12 декември, 20230
Northern Belle-Луксузно патување

Барате нешто посебно оваа празнична сезона? Резервирајте го вашиот лет за Британија и качете се во „луксузниот воз“ за одмор кој никогаш нема да го заборавите!

Патувањето со воз е сè попопуларно низ Европа,а кога се комбинира со свечености и луксуз,тоа е идеална дестинација за Божиќ.За одмор кој сигурно ќе ви остане врежан во меморијата,се што треба да направите е да се качите на Northern Bell, познат и како „најлуксузниот воз“ во Британија.

Патувањето започнува од лондонската станица Викторија на 10 декември и претставува уникатно доживување на прекрасните пејзажи на англиското село проследено со оброк од седум јадења – ода на луксузот и префинетите вкусови.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Northern Belle (@northernbelletrain)

Легендарниот воз тргнува во 12:30 часот и се враќа во Лондон во 18:20 часот.За време на патувањето,патниците ќе уживаат во уникатната британска глетка од ултра луксузните вагони на Pullman од 1930-тите.

Што се однесува до менито? Почнувате со кавијарски канапе,потоа предјадење,супа,потоа свечено главно јадење,сезонски десерт и голем број британски сирења,а потоа овошен колач бисквити и чаша вино.И сето тоа придружено со уникатните звуци на одличен оркестар кој ќе ве забавува за време на вашето патување.

Сепак,како и секое уникатно искуство и ова има своја цена.Билет за секој патник чини 452 евра,а за дополнителни 223 евра може да се надградите во друга класа за да патувате и да уживате во дополнителни пијалоци и да добиете проштален подарок.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Northern Belle (@northernbelletrain)

„Од моментот кога ќе се качите на еден од извонредно украсените вагони Pullman од 1930-тите,времето се забавува додека ве враќаме во златното доба на железничкото патување – деновите кога ништо не беше премногу добро за оние софистицирани патници кои бараа да патуваат со стил“. велат од компанијата Northern Belle,а вие можете да го видите овој Божиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi