Астрологијата открива кој треба да внимава на полната месечина во Стрелец.
Следната полна месечина ќе донесе многу важни работи. Тоа ќе се случи ноќта меѓу 3 и 4 јуни точно во 5 часот и 41 минута. Полната месечина во Стрелец ќе биде возбудлива можност да се соочите со вистината и да напредувате, велат астролозите. Ова е енергијата што повеќето сакаат да ја почувствуваат на почетокот на летото, а носи среќа, љубов и исполнување на желбите. Ова се хороскопските знаци на кои астролошкиот настан ќе им донесе добри работи:
БЛИЗНАЦИ
Ја тргаш логиката настрана од овој момент, ќе го слушаш својот инстинкт. Ќе заборавите на се што ви кажува разумот и ќе ве води страста. Може да ви донесе промени кои неизмерно ќе ве задоволат, ќе ве натераат да уживате во животот повеќе отколку што сте можеле да замислите, а вашата самодоверба ќе блесне. Не ги „сечете“ емоциите што ги чувствувате, туку изразете ги со задоволство.
СКОРПИЈА
Досега ви беше исклучително тешко да ги изразите своите чувства. Не ги покажувате така лесно, но ова е моментот кога некој ќе успее позитивно да влијае на вас. Одличен период да се ослободите од сите негативни емоции и да уживате во вниманието кое ви се посветува. Изливите на страст се неизбежни, а можно е да најдете и сродна душа. Препуштете се и уживајте.
ВОДОЛИЈА
Вашата креативна страна доаѓа до израз и ви помага да ги постигнете вашите цели. Идеите и понудите ви доаѓаат сами, а ова е периодот кога ќе почувствувате дека трудот се исплател. Ќе се гордеете со себе, а вашиот успех ќе се слуша надалеку. Ви доаѓаат многу важни контакти, привлекувате луѓе од сферата со која се занимавате. Прославете ги вашите награди!