Што видовте прво?
Дознајте каква врска имате преку психолошки тест кој ги истражува несвесните и потсвесните аспекти на човечката психа користејќи визуели и цртежи! Првото нешто што ќе го забележите на фотографијата ќе открие нешто за вас.
Врзан човек
Ако прво забележавте маж врзан меѓу две дрвја, најголемата слабост во вашите врски е делот од вашата личност кој постојано е на работ да започне конфликт. Ова не значи дека сте во постојан или буквален конфликт со вашата околина.
Вие всушност водите битка во себе, а за да најдете вечна љубов и мир со друга личност, мора да најдете љубов во себе. Затоа што ако не се сакаме себеси, како ќе ги сакаме другите? Се борите да се прифатите себеси и вашите силни и слаби страни.
Ограда
Ако прво ја забележавте оградата, имате тенденција да се затворите од остатокот од светот. Не сте подготвени да ризикувате и да го отворите срцето во моментот.
На овој начин ја пропуштате можноста за вистинска љубов. Природно е да сакате да се заштитите, особено ако постојат претходни лоши искуства. Ако не ризикувате, не профитирате…
Чамец
Ако сте забележале чамец и гнездо полно со јајца – тоа значи дека вашите стандарди се високи и дека ретко кој, речиси никој, не може да ги исполни. Желбата за совршенство води до осаменост.
Череп
Ако прво го забележавте черепот, склони сте кон вознемирени мисли и грижи на сите можни полиња. Пожелна е умерена доза на претпазливост, а прекумерна претпазливост е непожелна.