Дали знаете зошто никогаш не се наздравува со вода? Кога сме во друштво и некој сака да наздрави, се случува, ако во тој момент чашата со пијалок е празна, да тргнеме да наздравуваме со чаша вода. Она што секогаш го слушаме во тој момент е – не се наздравува со вода!
Потеклото на овој обичај е всушност морничаво и древно.
Коренот на овој обичај го наоѓаме во античко време и е поврзан со Адот – односно подземниот свет на мртвите.
Имено, кај старите Грци постоело верување дека душата на човекот по неговата смрт оди во Адот и дека таму има тажна рамнина со бели диви цвеќиња. Низ оваа рамнина течат пет реки.
ледениот Стикс – река на омразата,
Ахерон – река на болката,
Кокитус – река на жалењето,
Флегетон – река на огнот
Лета – реката на заборавот.
Душата на покојникот што доаѓа во Адот пие вода од реката Лета за да го заборави претходниот живот и страдањата во него. Оние кои верувале во реинкарнација верувале дека душата на покојникот пие вода од оваа река за целосно да го заборави претходниот живот и да се подготви за нов.
Токму тука, се верува, лежи коренот на обичајот никогаш да не се наздравува со чаша вода.