Пронајдете ги 3-те крокодили меѓу змејовите: Моменталниот рекорд е 17 секунди

popara6 јуни, 20231min00
skrivalica-krokodili-2-830x0

Обидете се да бидете побрзи од рекордерот

Ако сакате да решавате тешки загатки, тогаш сте на вистинското место. Унгарскиот уметник Дудолф повторно бил креативен, па решил да не изненади со уште една интересна илустрација.

Овој пат тојнацртал десетици зелени змејови, но меѓу нив сокрил и три крокодили.

Како што можете да претпоставите, вашата задача е да ги пронајдете трите крокодили за помалку од 17 секунди.

Оваа задача воопшто не е лесна, бидејќи крокодилите се со иста боја како змејовите, па наоружајте се со трпение.

Дали сте подготвени?

Ако ви треба помош, ќе ви откриеме дека крокодилите претежно се наоѓаат на левата страна на илустрацијата.

Доколку сè уште не сте успеале да ги најдете, погледнете го решението подолу.