Ретко појавување на Џек Николсон во јавноста: Глумецот изгледа потполно непрепознатливо
22 мај, 20230
Актерот Џек Николсон извесно време не се појавуваше во јавноста, но сега реши да излезе од „сенката“ и да го гледа натпреварот на Лејкерси во Лос Анџелес и на тој начин повторно да се најде во центарот на вниманието.
Имено, актерот седел во својата ВИП кутија до теренот, а бил во друштво на синот Реј, но, како што некои велат, изгледал потполно непрепознатливо.
Овој 86-годишен актер беше облечен во црн капут и сина маичка, а цело време внимателно ја следеше играта во која учествуваше и Никола Јокиќ, чиј тим победи.
Реј тргна по стапките на својот татко, а се занимава и со глума, а за овој меч облече многу елегантна комбинација.
Во продолжение погледнете ги споменатите фотографии.