Дали некој ви е привлечен зависи од голем број фактори, вклучувајќи ги и индивидуалните преференции и вредности на секој човек. Сепак, некои хороскопски знаци зрачат со самодоверба, интелигенција и неверојатна харизма, па во астрологијата, поради овие квалитети, тие се сметаат за посакувани партнери.
На пример, Овните често се познати по нивната храброст и самодоверба. Имаат невидлива привлечност и речиси и да нема жена која не можат да ја воодушеват. Тие се додворуваат на многу оригинални начини, поради што за нив нема „неосвојлива планина“.
Од друга страна, Биковите се стабилни и силни. Често многу се грижат за својот изглед, не ја напуштаат теретаната, или се занимаваат со некој спорт, поради што имаат изразени физички карактеристики кои им се допаѓаат на жените.
Тука се и интелигентните и комуникативни Близнаци кои прво ќе ве соборат од нозе со паметни шеги и ќе направат да се чувствувате посебно. Со оглед на тоа што имаат и квалитети на „лош дечко“, тие топло-ладни моменти ја прават секоја врска возбудлива.
И на крај, Лавовите кои се познати по својата интелигенција и способност за комуникација, но и по нивната харизма и амбиција. Кога ќе се насочат кон една, нема шанси таа да им одолее, тие се упорни, галантни и често ја изненадуваат својата „поубава“ половина со подароци. Во исто време, тие многу се грижат за својот изглед, а секогаш ќе бидат дотерани и миризливи.