Тест на потсвеста: Првото нешто што ќе го видите открива дали сте под стрес или само ви треба промена

22 март, 20230
lily-woman-octavio-ocampo-02-830x0

Запомнете што прво забележавте

Колку пати ви се случило во текот на слободен ден да се обидете да се опуштите, но вашиот мозок постојано се враќа на обврските кои ве очекуваат и не можете да престанете да размислувате што треба да направите утре?

Во модерниот и зафатен свет полн со обврски и очекувања, повеќето луѓе се под стрес, а на многумина им е потребен одмор. Меѓутоа, понекогаш луѓето мислат дека се под стрес, а всушност им треба само некаква промена.

За да дознаете дали сте под стрес или имате потреба од промена, добро погледнете ја илустрацијата што ви ја подготвивме денес.

Илустрацијата ја нацртал уметникот Октавио Окампо, а според него има две работи кои можете да ги видите на сликата – девојка или цвеќиња.

Ако прво сте ја виделе девојката, во последно време не сте задоволни од животот, се чувствувате уморно и има одредени ситуации кои ве прават раздразливи. Затоа размислувате да направите промена, а можеби и треба, бидејќи дефинитивно ќе се чувствувате подобро.

Направете било што. Бојадисајте ја косата, платете патување, сменете го мебелот. Секоја промена ќе ве задоволи.

Ако прво ги забележавте цвеќињата, вие сте личност која е под стрес и итно ви треба одмор.

Работите многу, луѓето ве сметаат за успешни и способни и понекогаш премногу се потпираат на вас. Сакате да им помагате на сите, но сте под стрес бидејќи не успевате да завршите некои од вашите обврски.

Обидете се да се ставите себеси на прво место и вашите обврски да ви бидат приоритет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi