ОВЕН
Без оглед на тоа што сте планирале, бидете подготвени да ги одложите повеќето активности. Сте ги прецениле своите можности, па сакале или не, ќе бидете принудени да им ја препуштите работата на колегите. Искористете го денот за кратка пауза.
БИК
Ви пречат нерасчистените односи со пријателите кои одамна ги познавате. Не останува ништо друго освен сериозно да разговарате за се. Ситуацијата не е лесно да се реши, бидејќи за нив ве врзуваат животни околности на кои не можете да влијаете.
БЛИЗНАЦИ
Сите очи се вперени во вас. Опкружени сте со луѓе чија судбина, на некој начин, зависи од потезите што треба да ги направите. Непријатно е што сте свесни дека не можете да поштедите некои луѓе, иако тие тоа не го заслужуваат. Не мешајте емоции и работа.
РАК
Ви претстојат состаноци и разговори од кои можеби очекувате премногу. Отвореното противење на луѓето кои се над вас во хиерархијата може дополнително да ги искомплицира вашите и онака затегнати односи, кои не можете сами да ги решите.
ЛАВ
Ве мачи проблематичната врска со саканата личност. Почнувате да размислувате за заминување, но не сте сигурни дали тоа би било трајно или само привремено решение. Сериозен разговор значително би ја решил ситуацијата, но само доколку искрено кажете се.
ДЕВИЦА
Имате можност да патувате, но недалеку од местото каде што живеете. Серијата разговори во кои вие ќе бидете главен говорник ќе завршат со успешно завршување на важна работа, која долгорочно значително ќе ги подобри вашите финансии.
ВАГА
За да го постигнете она што го сакате, потребно е да побарате помош од личност која статусно е далеку над вас. Таа личност ја познавате долго време, но дури денес е прилика да направите конкретен чекор и да го побарате она што долго време го посакувате.
ШКОРПИЈА
Вашата позитивност ги привлекува и оние луѓе чии мотиви не се целосно добронамерни. Не споделувајте приватни информации, особено ако се работи за нешто поврзано со вашиот љубовен живот. Една неочекувана средба може на дело да ви покаже колку е мал светот.
СТРЕЛЕЦ
Ве привлекува личност која не е сингл. Иако ви се чини дека тоа би било натпревар на животот, не заборавајте дека секогаш така размислувате на почетокот на вашето запознавање. Не се залажувајте, туку фокусирајте го вашето романтично расположение на нешто попрактично.
ЈАРЕЦ
Добивате нови задачи. Имајќи предвид дека тоа е област во која не сте се испробале во минатото, прифаќате се како голем предизвик. Си докажувате себеси и на другите колку се големи вашите способности. Не се занесувајте, затоа што не сте безгрешен.
ВОДОЛИЈА
Имате многу планови и очекувате наскоро да започнете некои од нив. За жал, денес не ви претстојат големи промени, освен што неколку туѓи искуства ќе ве натераат да размислите дали патот што сте го смислиле е најповолен за вас.
РИБА
Успешни сте и претприемнички, а некои проблеми се чини дека сами се решаваат. Нешто се случува поинаку од она на што сте навикнати во изминатиот период. Бидете отворени за се, бидејќи ве очекуваат нови проекти, но и сосема нови познанства.