ХОРОСКОП ЗА 16-ТИ АПРИЛ: Лавовите потпишуваат важен договор, а за Вагите не е време за бунтување

popara16 април, 20231min00
2c0617655446bfe29fef10b7e17c439aba5ec5d8

ОВЕН

Доколку имате можност да потпишете некои документи, внимавајте бидејќи може да ви се прикраде грешка која подоцна нема да можете да ја поправите. Вашите промени во расположението можат да го збунат партнерот и да го натераат да помисли дека повеќе не го сакате.

БИК

Ве заинтригира некој нов и во моментов се обидувате да се фокусирате на тоа. Не брзајте во нови љубовни авантури, особено ако сè уште не сте ги расчистиле работите со некој од минатото. Сеќавањата кои ве мачат можат да станат непремостлива пречка за нова романса.

БЛИЗНАЦИ

Конечно би можеле да ја донесете одлуката што ја одложувавте толку долго. Откако ќе се надминете себеси и својата неодлучност, ќе сфатите колку убавина има во преземањето одговорност. На овој начин давате слобода и на себе и на партнерот.

РАК

Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи, па големи се шансите да заработите од тоа. Сепак, за да постигнете некои поголеми цели, ќе мора да жртвувате нешто, а тоа најверојатно е нешто поврзано со вашиот приватен и љубовен живот.

ЛАВ

Можете да сметате на поддршката од вашите пријатели, бидејќи во изминатиот период со вашите напори и пожртвуваност тоа сте го заработиле од нив. Чекате потпишување на важен договор кој ќе ја одведе вашата професионална кариера во друга насока.

ДЕВИЦА

Врската што ја чувавте во тајност наскоро ќе стане јавна. Партнерот ве сака повеќе отколку вие него, но вие не уживате во тоа. Неговите очекувања стануваат голем товар за вас, па сето тоа ќе биде силна причина сериозно да размислите за раскинување.

ВАГА

Се стремите кон слобода, но подобро е да се воздржите бидејќи не е поволен период за бунт. Направете ги сите работни задачи дисциплинирано и на време, само така ќе избегнете напнати аспекти кои можат да ви ја искомплицираат финансиската состојба.

ШКОРПИЈА

На повидок е финансиска придобивка, која ќе ја намали тензијата која ве мачи веќе некое време. Не преоптоварувајте се со нови обврски, туку поминете го денот со минимални деловни активности. Одложете сè што не мора да завршите денес.

СТРЕЛЕЦ

Имате многу планови и очекувате наскоро да започнете некои од нив. За жал, денес не ви претстојат големи промени, освен што неколку туѓи искуства ќе ве натераат да размислите дали патот што сте го смислиле е најповолен за вас.

ЈАРЕЦ

Не го добивте очекуваниот одговор за работата која толку многу ве заинтригира. Сепак, очекувајте вести кои ќе ја подгреат надежта дека не е се готово. Ви претстои сериозен разговор и најдобро е навреме темелно да се подготвите.

ВОДОЛИЈА

Напнати сте од мешањето на член на семејството во вашите одлуки. Објаснувајќи ги вашите одлични идеи, амбициозно започнувате разговор кој завршува катастрофално. Вашите вербални вештини денес не се на завидно ниво, повлечете се.

РИБА

Полни сте со разбирање за другите луѓе, сепак, бидете внимателни бидејќи ве следат предизвикувачки понуди во кои некој ви ветува голема финансиска добивка. Внимавајте со парите денес, бидејќи ако брзате, коцките ќе паднат токму онаму каде што најмалку очекувате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma