ХОРОСКОП ЗА 2-РИ АПРИЛ: Вагите добиваат поддршка од неочекувани луѓе, а Шкорпиите повик од стар пријател

popara2 април, 20231min00
fdc5e1ff7de9f3e416739b03ee85dbb40f191f64

Овен

Тешкотиите кои ве мачеле во минатото повторно се враќаат. Чувајте го оптимизмот, не паничете непотребно. Нема потреба да се затворате во себе, промените на работа ќе вдахнат мал оптимизам. Внимавајте на исхраната, имунитетот не ви е на завидно ниво.

Бик

Донесувате крај на многу заостанати работи со кои се мачите веќе некое време. Одредена одлука или судска пресуда ќе разреши проблем, по што влегувате во понатамошни преговори како полноправна преговарачка страна, достојна за почит.

Близнаци

Вниманието е насочено кон проблематичната ситуација која се случува во вашиот семеен круг. Кулминацијата ќе пристигне во текот на попладневните часови, бидејќи ќе се случат принудни промени, доколку дотогаш не ги спроведете доброволно.

Рак

Свесни сте за вашата ароганција, но таа е посилна од вас. Самоконтролата е неопходна ако сакате да избегнете конфликт со претпоставените, што може да резултира дури и со казна. Не правете им го на другите луѓе она што не сакате некој да ви го прави.

Лав

Вие не сте личност која сака големи промени. Според тоа, не уживате ниту во излегувањето. Ако копнеете да излезете од куќата, тоа е затоа што некој внатре во неа не ви е пријатен. Затоа, не бегајте од семејството, туку обидете се да ги подобрите семејните односи.

Девица

Измислувате причини за вашето незадоволство. Можеби вашите планови биле премногу амбициозни, па дел од постигнатиот успех не го доживувате како нешто позитивно. Ако не сте добиле сè, тоа е како да не сте добиле ништо. Не претерувајте.

Вага

Добивате поддршка од луѓе од кои најмалку очекувавте. Парите со кои располагате не се доволни за се што сте имале намера да купите. Ситуацијата е непријатна, но оптимизмот не ве напушта. Решението ќе го видите ако добро се опуштите.

Шкорпија

Порака од заборавен пријател од минатото ви го разубавува денот. Се што планиравте за денес одложете и часовите поминете ги во лежерно дружење. Таа личност на некој начин навестува за промените кои ќе ви дојдат во наредниот период.

Стрелец

Потребен ви е краток одмор. Околностите кои се појавуваат отвораат можност за бегство со пријателите на неколку дена. Движете се повеќе и не двоумете се, краткото опоравување ќе ве оживее, па лесно ќе ги надоместите пропуштените обврски.

Јарец

Ви претстои стресен ден, па најпаметно е да ги избегнувате сите ситуации во кои би биле во центарот на вниманието или на некој начин би ја преземале водечката улога. Доколку сте активен учесник во сообраќајот, бидете внимателни, особено во доцните вечерни часови.

Водолија

Се обидувате да избегнете контакти со луѓе кои ве исцрпуваат. Сепак, бизнисот не го одобрува таквото однесување, па ќе бидете принудени да трпите некои луѓе. Ќе се изненадите што можевте да пропуштите доколку не ги слушавте.

Риби

Ви се отвораат убави деловни можности. Претстојат преговори за можна соработка со странски земји, како и шанса за долго патување каде ќе ги усовршите деловните вештини. Не дозволувајте вашата моментална мрзеливост да ја уништи оваа можност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma