ХОРОСКОП ЗА 20-ТИ МАРТ: Овните ги очекува ден полн со динамика, а пред Раковите е можност за остварување на желбите

popara20 март, 20231min00
ffc1cd4b959a42b86de87918de431447531bf68f

Овен

Пред вас е ден полн со динамика. Вие сте на работ на издржливоста. Нешто на работа ве мачи веќе некое време, а не можете да се соочите со тоа. Бидете внимателни, безопасна ситуација може да ве доведе до скандал.

Бик

Имате многу планови и очекувате брза реализација. За жал, работите не се развиваат со посакуваното темпо. Додека чекате нешто да започне, губите драгоцено време, а можностите кои се побезбедни и можеби попрофитабилни отколку што сте замислувале, ви одминуваат.

Близнаци

Амбициозни сте, па денот го започнувате со големи планови. Ја ловите секоја можност повторно да се наметнете во средината во која се движите и работите. Напорот ќе биде награден, но во исто време ќе наидете на нови непријатели кои ви стојат на патот.

Рак

Постои шанса да ви се оствари желбата да го промените работното место. Мора да бидете свесни дека ако го направите тоа, ќе влезете во нов живот после кој нема враќање назад. Ова не значи дека ве очекува нешто лошо, туку дека мора да бидете подготвени на се.

Лав

Доколку успеете да го започнете денот без одложувања, може да ви се отворат интересни можности, особено ако вашата работа е поврзана со странски земји. Не ги вклучувајте пријателите во вашите потфати, сами решавајте ги вашите проблеми.

Девица

Имате многу обврски пред вас. Ќе ви се чини дека не кревате глава од работа, но всушност ништо посебно нема да се случи. Илузијата дека сте преоптоварени доаѓа од заситеноста, па итно ви треба или промена на работното место или краток одмор.

Вага

Се стремите кон слобода, но подобро е да се воздржите бидејќи не е поволен период за бунт. Направете ги сите работни задачи дисциплинирано и на време, само така ќе избегнете напнати аспекти кои можат да ви ја искомплицираат финансиската состојба.

Шкорпија

Плановите ги врзувате со ветувањата дадени од пријателите. Премногу одолговлекување може да ве доведе во непријатна ситуација кога на крајот ќе им давате изговори на претпоставените кои ќе ги сметаат вашите аргументи за смешни и прифатливи.

Стрелец

Аспектите ви носат прилив на енергија што ви недостигаше во изминатиот период. За жал, паралелно пристигнуваат и нови обврски кои ќе ја засенат сета убавина од овој период. Пред вас е напорна работа за која нема да ја добиете очекуваната награда.

Јарец

Наједноставните активности, кои вообичаено бараат малку труд, денес се изведуваат со голема тешкотија. Не е лошо да размислувате да одложите сè за друг ден, бидејќи грч што нема да успеете да го надминете ќе произведе грешки кои се неприфатливи.

Водолија

Имате многу планови и очекувате наскоро да започнете некои од нив. За жал, денешните настани нема да ви донесат поголеми промени, освен што околностите ќе ве наведат да размислите дали патот на кој сте излегле е најповолен за некој како вас.

Риби

Како и да се позиционирате, се очекува да бидете во втор план. Не ви е пријатна таква улога, но свесни сте дека тоа е вистинскиот пат. Без разлика дали се работи за семејни или љубовни врски, најпаметно е трпеливо да поддржите и да го чекате епилогот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag