
Овен
Вниманието е насочено кон проблематичната ситуација која се случува во вашиот семеен круг. Кулминацијата ќе пристигне во текот на попладневните часови, бидејќи ќе се случат принудни промени, доколку дотогаш не ги спроведете доброволно.
Бик
Свесни сте за вашата ароганција, но таа е посилна од вас. Самоконтролата е неопходна ако сакате да избегнете конфликт со претпоставени лица, што може да резултира дури и со казна. Не правете им го на другите луѓе она што не сакате некој да ви го прави.
Близнаци
Вие не сте личност која сака големи промени. Според тоа, не уживате ниту во излегувањето. Ако копнеете да излезете од куќата, тоа е затоа што некој внатре во неа не ви одговара. Затоа, не бегајте од семејството, туку обидете се да ги подобрите семејните односи.
Рак
Измислувате причини за вашето незадоволство. Можеби вашите планови биле премногу амбициозни, па дел од постигнатиот успех не го доживувате како нешто позитивно. Ако не сте добиле сè, тоа е како да не сте добиле ништо. Не претерувајте.
Лав
Добивате поддршка од луѓе што најмалку ги очекувавте. Парите со кои располагате не се доволни за се што сте имале намера да купите. Ситуацијата е непријатна, но оптимизмот не ве напушта. Решението ќе го видите ако добро се опуштите.
Девица
Порака од заборавен пријател од минатото ви го разубавува денот. Се што планиравте за денес одложете и часовите поминете ги во лежерно дружење. Таа личност на некој начин ги навестува промените кои ќе ви дојдат во наредниот период.
Вага
Потребен ви е краток одмор. Околностите што се појавуваат отвораат можност за бегство со пријателите на неколку дена. Движете се повеќе и не двоумете се, краткото опоравување ќе ве оживее, па лесно ќе ги надоместите пропуштените обврски.
Шкорпија
Ви претстои стресен ден, па најпаметно е да ги избегнувате сите ситуации во кои би биле во центарот на вниманието или на некој начин би ја преземале водечката улога. Доколку сте активен учесник во сообраќајот, бидете внимателни, особено во доцните вечерни часови.
Стрелец
Се обидувате да избегнете контакти со луѓе кои ве исцрпуваат. Сепак, бизнисот не го одобрува таквото однесување, па ќе бидете принудени да трпите некои луѓе. Ќе се изненадите што можевте да пропуштите доколку не ги слушавте.
Јарец
Ви се отвораат убави деловни можности. Следат преговори за можна соработка со странски земји, но и шанса за долго патување каде ќе ги усовршите деловните вештини. Не дозволувајте вашата моментална мрзеливост да ја уништи оваа можност.
Водолија
Болестите кои ве мачеле во минатото повторно се враќаат. Чувајте го оптимизмот, не паничете непотребно. Нема потреба да налетувате на себе, промените на работа ќе вдахнат мал оптимизам. Внимавајте на исхраната, имунитетот не ви е на завидно ниво.
Риби
Донесувате крај на многу заостанати работи со кои се мачите веќе некое време. Одредена одлука или судска пресуда ќе разреши проблем, по што влегувате во понатамошни преговори како полноправна преговарачка страна, достојна за почит.