Астролозите тврдат дека и хороскопскиот знак има големо влијание на тоа, а од овие пет знаци ќе биде особено тешко да се открие што навистина чувствуваат.
Водолија
Водолијата не сака драматични и хаотични ситуации во кои тие би можеле да го изгубат својот „кул“ став. Особено мразат да изразуваат емоции на јавно место, па затоа се чувствуваат многу непријатно во вакви ситуации. Ако Водолијата ви се отвори, тоа значи дека ве смета за многу блиска личност.
Девица
Овие перфекционисти ќе ги откријат своите емоции само доколку тоа е апсолутно потребно. Иако изгледаат многу студени, тие всушност се многу емотивни, но тоа го кријат од страв да не бидат повредени.
Јарец
Јарците имаат практичен поглед на животот и не се премногу романтични. Никогаш нема да дозволат нивните емоции да ги попречуваат нивните цели и планови. Но, ако ја сретнат вистинската личност конечно ќе се отворат.
Скорпија
Страсните Скорпии се полни со емоции, но ретко ги изразуваат затоа што не сакаат да ја изгубат контролата над ситуацијата. На нив им е тешко да им веруваат на луѓето, затоа се повлекуваат од страв да не бидат повредени и често се однесуваат арогантно.
Вага
Вагите сакаат да ги задоволуваат сите и балансот во животот им е многу важен. Затоа не сакаат да прават сцени и не сакаат да ги ставаат другите во непријатни ситуации. Од овие причини, емоциите ги акумулираат во себе, но често се случува да им дојде премногу и да „пукнат“.