Ева Лонгорија реши да се пресели! Ја напушта Америка, со семејството ќе живее во оваа европска земја
Првиот пат кога дојдов во Марбеља, пред две децении, тоа беше љубов на прв поглед. Си реков: „Еден ден ќе живеам овде“ – вели ѕвездата на „Очајни домаќинки“.
Холивудската актерка Ева Лонгорија со сопругот Хозе Бастон и синот Сантијаго се преселуваат во Шпанија, пишува Page Six.
– Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти во текот на втората половина од годината – изјави извор за медиумот. Тој забележува дека преселбата засега е привремена.
Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купиле викендица таму на почетокот на 2023 година
– Тоа е мојата оаза, мојот рај. Кога не сум тука, работам без престан – изјави актерката во едно од своите интервјуа.
Куќата е многу пространа и сите членови на нивното семејство доаѓаат таму на одмор.
– Тоа е викендица и доаѓаат мајка ми, сестрите и нивните деца. И, се разбира, има голема кујна – појаснува Лонгорија зошто ја сака својата шпанска паза. Таа откри и дека куќата ја купила по пет години потрага по совршено место за одмор за нејзиното семејство.
– Првиот пат кога дојдов во Марбела, пред две децении, тоа беше љубов на прв поглед. Си реков: „Еден ден ќе живеам овде“ – вели ѕвездата на „Очајни домаќинки“.
Семејната куќа во Беверли Хилс е ставена на продажба. Ја спуштија цената од 22,8 на 19,9 милиони долари.