Принцот Хари доаѓа во Велика Британија: Еве дали Меган Маркл ќе му се придружи во посетата на болните членови на семејството

30 април, 20240
Screenshot_6

Принцот Хари на 8 мај ќе ја прослави десетгодишнината од меѓународниот спортски настан игрите Инвиктус, кој тој го основал, во лондонската катедрала Свети Павле, за што ќе направи ретка посета на Британија.

 

 

 

 

Хари живее во Соединетите Држави со сопругата Меган и нивните две деца, а ги започна игрите Инвиктус во 2014 година. Тоа е меѓународен мултидисциплинарен спортски настан за ранети и болни воени ветерани. Хари помина дел од својата воена кариера како пилот на воен хеликоптер во Авганистан.

 

Во рамките на црковната служба, принцот Хари ќе им се обрати на насобраните воени ветерани и членови на заедницата Инвиктус, а соодветен текст ќе прочита британскиот актер Демијан Луис. Организаторите рекле дека на овој начин „ќе се одбележи деценија во која преку спортот им се променија и спасија животи на многумина“.

 

Откако во 2020 година се откажа од кралските должности, Хари само неколкупати ја посети Британија. Меѓу другите, тоа беше погребот на неговата баба, кралицата Елизабета Втора во 2022 година и крунисувањето на татко му, кралот Чарлс Трети во мај 2023 година.

 

Последен пат беше виден во Британија во февруари оваа година, кога накратко се сретна со својот татко откако монархот објави дека му бил дијагностициран рак. Палатата во петокот соопшти дека кралот Чарлс Трети ќе се врати на своите јавни должности, имајќи предвид дека неговото лекување било успешно и дека добро закрепнал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi