Луксузната вила на Кара Делевињ изгорела до темел

popara16 март, 20241min00
o_32681237_1280

Англиската актерка и модел Кара Делевињ откри дека нејзиниот дом во Лос Анџелес бил опожарен во разорен пожар што избувнал во раните утрински часови во петокот. Таа во тој момент не била во куќата бидејќи моментално е во Лондон каде игра во „Кабаре“, но во домот биле нејзините миленици – две мачки кои пожарникарите успеале да ги спасат од пожарот.

“Денес моето срце е скршено. Не можам да верувам. Животот може да се смени додека трепнеш. Цени го тоа што го имаш”, напишала таа на својот Инстаграм профил пред да дознае дека нејзините мачки го преживеале пожарот.

image

Нејзината вила во Калифорнија, чија вредност се проценува на седум милиони долари, била значително оштетена во пожарот, во кој во гаснењето учествувале 94 пожарникари. Родителите на актерката се огласија по пожарот и открија дека причина за пожарот се сомнева дека е електричната инсталација, која најпрвин го подметнала пожарот во задниот дел од куќата, а потоа се проширил на целиот покрив на луксузната вила.

Кара ја купила вилата во 2019 година и таа е нејзиниот прв дом во кој живеела сама, па е прилично уништена. Пред тоа, актерката живеела со нејзината сестра Попи во вилата што ја купиле од Џаред Лето, а во 2022 година му ја продале на Ашер.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma