Сигнали кои кучето ги дава пред да ве нападне и гризне: Ова е првото предупредување!

popara16 ноември, 20241min00
676 (33)

Сведоци сме на случаи на каснување од кучиња, како сопственици, така и напуштени кучиња од улица. Причините за агресивното однесување на кучињата се различни, но пред се треба да внимаваме како се однесуваме кон тоа куче, односно да видиме колку сме информирани како кучињата покажуваат знаци кои и претходат на агресијата.

Експерти од регионот ја анализираа оваа тема и го кажаа своето мислење во врска со тоа. Акцент е ставен на доброто препознавање на показателите дека на кучето му е непријатно!

Првиот индикатор што кучето го покажува е обидот да се оддалечи од изворот на стрес. Ќе ги врати ушите на главата и ќе си замине. Ако случајно не му биде дозволено да замине, ќе го притисне телото на подот и ќе ја свитка опашката. Тоа ќе биде целосно замрзнато и ќе гледа во една насока. Но, ако сме толку упорни да ги игнорираме сите овие знаци, кучето ќе почне да рже.

‘Ржењето покажува дека личноста занемарила се останато и затоа не е добро да се казнува кучето кога тоа ‘рже, треба да се тргнете од него. Кликнувањето на забите е уште еден показател што му претходи на каснувањето, како и последниот знак за предупредување.

Потоа следи каснувањето.

Секако, секогаш треба да бидете внимателни, бидејќи кај некои кучиња преминот од една во друга фаза на предупредување е многу брз, а кај некои изостануваат одредени облици на предупредување, предупредуваат експертите.

Експертите предупредуваат дека казнувањето на ржењето директно води до прескокнување на сите други предупредувачки сигнали, па на тој начин се јавува агресија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag