
Брзо и едноставно
Пеглањето дефинитивно не е активност што некој ја прави со преголем ентузијазам, ниту пак е нешто на што некој се радува.
Пролетта и летото, кога времето е убаво, а вечерите топли, дефинитивно се моменти кои повеќе би сакале да ги поминете надвор отколку покрај даската за пеглање.
Затоа применете еден трик на искусните домаќинки, кој може многу да ја олесни оваа, толку омразена активност и да заштедите време.

Најпрво изберете малку поблага програма за перење, за облеката да не се згужва премногу. Така на облеката ќе се појават само мали набори кои лесно ќе се израмнат.
Потоа, кога алиштата ќе се измијат, извадете ги и земете закачалки. Колку што е можно повеќе од нив. Ставете по едно парче на секоја закачалка, добро истегнете го и закачете да се исуши. На овој начин гардеробата ќе се суши и истовремено ќе се пегла.
После тоа, едноставно извадете ги алиштата и ставете ги во плакарот, или закачете ги внатре заедно со закачалките.