
Професионални готвачи објаснија дали може да користите лук во јадењата доколку тој про’ртил.
Тие истакнуваат дека секое чешне лук во средината има мала зелена или бела никулец. Со текот на времето, овие никулци почнуваат да се развиваат во ново растение, особено ако лукот се чува во топла и влажна средина.
Никулецот првично е светлозелен, но потемнува како што созрева. Готвачите посочуваат дека ‘ртењето е сосема нормална појава, иако времето потребно за тоа зависи од начинот на чување на лукот.
„Лукот купен од пазар и чуван на темно место, на прохладно и со умерена собна температура, би требало да трае неколку месеци“, наведуваат готвачите.
Сепак, доколку го чувате лукот во фрижидер, тој може брзо да про’рти – за само неколку недели.
Готвачите нагласуваат дека и белиот никулец и изданоците што растат од него се јадливи. Никулците од лук се одличен извор на антиоксиданси, како и на минерали како што се калциум, фосфор и цинк.
Ако главицата лук е мека или има кафеава боја, не треба да се користи.