Евтина намирница што Балканот ја обожава може да заштити од рак: Онколог откри колку е важна во исхраната

popara24 ноември, 20261min00
1304243_shutterstock-2405767953_m

Лекарите предупредуваат дека сè поголем број луѓе помлади од 55 години заболуваат од рак на дебелото црево. Јогуртот може да биде многу корисен кога станува збор за овој тип на рак.
Редовното консумирање јогурт може да помогне во заштитата од еден од најагресивните облици на рак на дебелото црево, наведува онкологот Џастин Стебинг, професор по биомедицински науки на Универзитетот „Anglia Ruskin University“, во напис за порталот The Conversation.

Исхраната е еден од значајните фактори на ризик, особено поради сè поголемата застапеност на ултра-преработената храна.

„Како онколог, често ме прашуваат како луѓето можат да го намалат ризикот од оваа болест. Новите сознанија укажуваат на тоа дека редовното консумирање јогурт може да има заштитно дејство против одредени агресивни облици на рак на дебелото црево, бидејќи влијае на цревниот микробиом – заедницата на бактерии што природно живеат во цревата“, напиша Џастин Стебинг. Како што појаснува тој, цревниот микробиом игра важна улога во варењето на храната и функционирањето на имунолошкиот систем, како и во регулирањето на ризикот од одредени болести. Рамнотежата на корисни бактерии е клучна за одржување на имунитетот и спречување на воспалителни процеси кои можат да придонесат за развој на рак.

Јогуртот содржи живи култури на корисни бактерии – вклучувајќи ги Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus – кои можат да помогнат во одржувањето на здрава рамнотежа во цревниот микробиом.

Добро познатите фактори на ризик за развој на рак на дебелото црево вклучуваат пушење, недоволна физичка активност, консумирање алкохол, внесување преработени месни производи и нездрава исхрана.