
Љубомората и зависта можат сериозно да ги оштетат пријателствата, партнерствата, семејните и деловните односи. Иако многу луѓе се обидуваат да ги сокријат овие чувства, психолозите тврдат дека постојат јасни знаци кои откриваат кога некој тајно ви завидува.
Љубоморните луѓе често го кријат своето вистинско лице зад лажни насмевки, комплименти и наводна поддршка, но нивното однесување е лесно да се препознае по некое време. Еве ги сигналите:
- Тие го имитираат вашиот изглед и однесување
Еден од најчестите знаци на скриена љубомора е имитацијата. Луѓето кои ви завидуваат почнуваат да ве копираат – вашиот стил на облекување, фризура, идеи, начин на зборување или однесување. Тие дури можат да почнат да ги користат вашите фрази и изреки во своите изрази.
Наместо да ја развијат сопствената автентичност, тие се обидуваат да бидат како личноста на која ѝ завидуваат.
- Тие ве озборуваат зад грб
Љубоморните луѓе честопати ја користат секоја можност да зборуваат негативно за вас кога не сте присутни. Понекогаш претеруваат со малите работи, а понекогаш дури и измислуваат приказни за да ве претстават во лошо светло.
Озборувањата им служат како начин да ја намалат вашата популарност во општеството или успехот, како и да ја зголемат сопствената ниска самодоверба.
- Се преправаат дека се среќни за вас
Луѓето кои се љубоморни често ги кријат своите вистински чувства зад лажни насмевки и претерана љубезност. Иако се чини дека ве поддржуваат, нивната реакција честопати не е искрена. Психолозите велат дека вистинската љубомора најчесто се гледа преку неприродно однесување и наметнати комплименти.
- Тие даваат лажни комплименти
На прв поглед, нивната пофалба може да звучи искрено, но честопати содржи скриена критика или е дадена површно. Ваквите комплименти обично имаат за цел да ве збунат, а честопати истата личност подоцна зборува негативно за вас пред другите.
- Тие се радуваат на вашите неуспеси
Еден од најјасните знаци на љубомора е задоволството од неуспехот на некој друг. Љубоморните луѓе честопати ќе обрнат повеќе внимание на вашите грешки отколку на вашите успеси, а понекогаш дури може да се обидат да ве стават во непријатни ситуации.
Како да се заштитите од љубоморните луѓе?
Најважно е да не дозволите ваквото однесување да ве обесхрабри или да ви ја поткопа самодовербата.
Психолозите советуваат да:
-поставите јасни граници со таквите луѓе
-не споделувате премногу приватни информации со нив
-се опкружувате со искрени луѓе
-не влегувате во конфликти и расправии со луѓе кои не ви мислат добро.
Препознавањето на скриената љубомора кај луѓето околу вас може да ви помогне да го одржите мирот и да избегнете непотребни проблеми.