Како редовната консумација на јогурт може да ве заштити од најагресивната форма на рак на дебелото црево

popara21 ноември, 20261min00
b_261121008

Редовното консумирање јогурт може да понуди заштита од еден од најагресивните облици на рак на дебелото црево, пишува онкологот Џастин Стебинг, професор по биомедицински науки на Универзитетот „Anglia Ruskin“, за порталот The Conversation.

Лекарите предупредуваат дека сè поголем број луѓе помлади од 55 години заболуваат од рак на дебелото црево. Исхраната – особено зголемената потрошувачка на ултра-преработена храна – се наведува како клучен фактор што придонесува за тоа.

„Како онколог-специјалист, често ме прашуваат како може да се намали ризикот. Новите сознанија сугерираат дека редовното консумирање јогурт може да има заштитен ефект против одредени агресивни облици на рак на дебелото црево, преку промена на цревниот микробиом – природните бактерии што живеат во цревата“, напиша Стебинг.

Како што објаснува тој, цревниот микробиом влијае врз варењето, имунитетот, па дури и врз ризикот од појава на рак. Здравиот баланс на бактерии се смета за суштински за силен имунолошки систем и за спречување на воспаленија, кои можат да придонесат за развој на рак.

Јогуртот содржи живи култури на корисни бактерии, како што се Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus, кои помагаат во одржувањето на овој баланс.

Главните фактори на ризик за развој на рак вклучуваат пушење, недостаток на физичка активност, консумирање алкохол, внесување преработени месни производи и нездрава исхрана.