
Ако редовно ја користите оваа маска, ќе забележите значителни резултати и промени на вашата кожа.
Природните маски се секогаш подобар избор. Наместо да трошите пари на скапи креми, направете ја оваа маска сами и гледајте како исчезнуваат дури и најдлабоките брчки.
Маската се прави за еден час, а за нејзина подготовка ќе ви бидат потребни само 2 состојки:
Измешајте 2 лажици полномасен јогурт и една лажица сок од лимон додека не добиете хомогена смеса. Ако е премногу течна, додадете уште една лажица јогурт, а најдобро би било да користите грчки јогурт.
Нанесување:
Нанесете ја маската на претходно исчистено лице и оставете ја да се исуши на лицето 20 до 30 минути. Додека се суши, ќе почувствувате како кожата на лицето малку ви се стега.
Исплакнете ја маската со млака вода, а потоа продолжете со негата како и обично. Нанесете ја маската 2 пати неделно.