Пиењето на овој топол пијалок може да ви помогне да се ослободите од надуеност и да го подобрите варењето на храната

popara16 јуни, 20261min00
b_260615209

Многумина се соочуваат со чувство на тежина во желудникот, гасови и бавно варење, а промената на дневната рутина, намалената физичка активност и калоричните оброци често влијаат на работата на дигестивниот систем, па телото побавно се враќа на вообичаената рамнотежа.

Имено, за решавање на дигестивните проблеми често се препорачуваат едноставни и природни методи кои можат да помогнат во ублажување на чувството на надуеност, тежина во стомакот и бавно варење. Еден таков е топлиот пијалок на база на вода, сол и лимон, кој се користи за стимулирање на цревата и олеснување на варењето.

Подготовката на овој напиток е едноставна и не бара посебни состојки. Во топлата вода се додава мала количина морска или хималајска сол, заедно со прстофат шеќер, по што смесата кратко се загрева. Кога ќе се тргне од оган, во напитокот се додава свежо цеден сок од половина лимон. Се препорачува да се консумира наутро, на празен стомак.

Во стручните објаснувања се наведува дека комбинацијата на топла вода и сол може да влијае на задржување на течности во цревата и да ја омекне столицата, додека лимонот дополнително може да го поттикне лачењето на дигестивните сокови и да ја забрза работата на дигестивниот систем. Топлата течност сама по себе често има корисен ефект врз работата на цревата.

Покрај запек, овој напиток често се користи и за ублажување на надуеноста и чувството на тежина во стомакот, особено по период на поголеми оброци.

Но, важно е да се нагласи дека со внесувањето на сол не треба да се претерува и дека овој напиток не е наменет за секојдневна и долготрајна употреба, туку за повремена помош после тежок оброк. Особено внимателни треба да бидат луѓето кои имаат проблеми со бубрезите, висок крвен притисок или треба да го контролираат внесот на сол.

Во комбинација со урамнотежена исхрана, доволен внес на течности и полесни оброци, овој напиток може да му помогне на телото полесно да се врати во рамнотежа по консумирање тешка храна.