Планирате патување со вашиот партнер? Овие 5 прашања можат да ви ја спасат врската!

popara9 ноември, 20262min00
Планирате патување со вашиот партнер

Заедничкото патување може да открие многу .

Заедничкото патување треба да биде време за уживање, релаксација и создавање прекрасни спомени. Сепак, различните навики, очекувања и ставови за трошење пари можат да го претворат патувањето од соништата во низа расправии. Затоа е добра идеја неколку важни работиотворено да разговарате за .

Анкета спроведена меѓу 1.253 возрасни лица покажа дека 35 проценти од испитаниците не биле компатибилни со својот сопатник, додека 28 проценти дури и размислувале за прекин на врската или пријателството поради лошо искуство од патувањето.

Авторката на „Пријателство“, Ана Голдфарб, и консултантот за донесување одлуки Нел Волфхарт, идентификуваа шест прашања што паровите треба да ги разјаснат пред да патуваат заедно.

1. Каков вид сместување ви одговара најмногу?

Додека за некого најважно е сместувањето да биде удобно, тивко и приватно, на други не им пречи дури ни поскромна соба. Разговарајте за тоа каков вид сместување сакате, колку ви е важна приватноста и дали сте подготвени за компромис. Добриот ноќен сон и пријатниот простор имаат многу врска со расположението за време на одморот.

2. Како изгледа вашиот идеален одмор?

Ова е едно од најважните прашања. Некои луѓе сакаат да спијат подолго, да уживаат во кафулиња и лежерно да ја истражуваат дестинацијата, додека други сакаат да ги посетат сите музеи, ресторани и знаменитости.

Најдобро е однапред да се договорите и да пронајдете рамнотежа помеѓу активностите и одморот. Не мора да го поминувате секој момент правејќи ги истите работи.

3. Колку време ти е потребно да се подготвиш наутро?

Можеби изгледа неважно, но разликата помеѓу личност на која ѝ се потребни десет минути и некој на кого ѝ е потребен еден час може да предизвика секојдневни расправии.

Затоа е корисно да се договорите за утрински ритам. Доколку на едниот партнер му треба повеќе време, другиот може да појадува или да прошета во тоа време.

4. Колку пари планирате да потрошите?

Според споменатата анкета, 35 проценти од испитаниците се скарале со сопатник токму поради трошоци. Затоа е важно пред патувањето да разговарате за износот на пари што планирате да ги потрошите на одмор.

Договорете се колку можете да потрошите за сместување, храна, екскурзии, кафулиња и шопинг. На овој начин, ќе избегнете непријатни изненадувања и непотребни дискусии за време на вашиот одмор.

5. Дали имате нешто против ако побарам малку време за себе?

Иако патувате заедно, тоа не значи дека мора да бидете заедно во секој момент. Некој сака да чита книга сам, да слуша музика или едноставно да ужива во тишината.

Важно е партнерот да разбере дека потребата за личен простор не значи недостаток на љубов или желба да бидете заедно. Напротив, кратка пауза од заедничките активности може да го направи остатокот од вашиот одмор уште попријатен.

Тајната на убавото заедничко патување не е во тоа да се согласувате за сè, туку да знаете како да разговарате, да ги разбирате меѓусебните потреби и да правите некои компромиси. Неколку искрени прашања пред заминувањето можат да ви заштедат многу фрустрации и да ви помогнат да се вратите од одморот со убави спомени.