
Ако барате панталони што визуелно го стеснуваат струкот, ја издолжуваат силуетата и се соодветни за секоја пригода, моделите со широки ногавици и набори се едни од најпосакуваните парчиња оваа сезона.
Овој модел на панталони станаа неизбежен дел од гардеробата во последните месеци,класичните, крути модели веќе не се доволни. Фокусот се префрли кон поопуштени силуети, кроеви што поубаво стојат на телото и разноврсни парчиња што лесно се прилагодуваат – од дневни обврски до вечерни излегувања. Одличен пример се панталоните со широки ногавици и набори, кои ги освоија жените благодарение на нивниот ефект на визуелно стеснување на струкот.
Моделот што мора да го имате оваа сезона
Овие панталони имаат средно до високо поставен струк што не стега, набори на предниот дел кои ја обликуваат фигурата и широки ногавици што убаво паѓаат. Силуетата изгледа издолжено и избалансирано, а струкот е визуелно дефиниран – сето тоа без да се жртвува удобноста.
Враќањето на наборите
Клучниот детал што прави голема разлика се наборите. Овој класичен елемент доживува голем камбек; кога е правилно изведен, прави чуда – ги следи линиите на телото, додава елеганција и моментално ја подигнува секоја модна комбинација на повисоко ниво. Не е случајно што токму овој крој се издвои како еден од водечките трендови за 2027 година.