
Едноставните задоволства во залак, направени од мелени бисквити, се совршени за секаква прослава, како и за обичните денови кога ви се јаде нешто слатко.
Состојки:
- 500 г мелени бисквити
- 1 шолја топло млеко
- 1/2 шолја шеќер
- 125 г маргарин
- 250 г темно чоколадо за готвење
- Сок од половина портокал
Подготовка:
Ставете ги мелените бисквити во сад, додајте ги млекото, маргаринот, шеќерот и сокот од портокал, па добро измешајте. Потоа, додајте го растопеното чоколадо и мешајте додека сè убаво не се соедини. Од добиената смеса обликувајте мали топчиња. На крај, потопете ги во растопено чоколадо и посипете ги со украсни трошки.