Ако ви е украден телефонот – Не грижете се: Google има решение кое ќе ви помогне веднаш да го пронајдете

popara25 мај, 20261min00
722696_shutterstock-152196302_m

Google лансираше апликација која ќе ви помогне да го пронајдете изгубениот телефон.

Губењето на телефонот е како кошмар во денешниот свет, паниката се појавува, пребарувате по џебовите, се враќате назад и стравот ве обзема кога ќе сфатите дека сте го изгубиле телефонот.

Сепак, сега тој кошмар е завршен бидејќи Google конечно воведе опција која ќе нè спаси во тие критични моменти.

Google ја лансираше мрежата „Find My Device“ за офлајн телефон и други компатибилни уреди на почетокот на април.

Ова првично е ограничено на САД и Канада, а целосно глобално проширување е планирано за крајот на јуни или почетокот на јули, но веќе е започнато во некои региони.

Кога Google ја лансира мрежата „Find My Device“, на вашиот телефон може да се појави барање за да дадете согласност да се придружите на неа, и мора да го прифатите ова ако сакате да бидете дел од мрежата, објавува „Android Police“.

Целта на создавањето на оваа мрежа е што колку повеќе членови има, толку поголеми се вашите шанси да го пронајдете вашиот уред ако е изгубен или украден.

Google моментално работи со различни производители за да ја донесе оваа функција на сите типови телефони.