
Состојки:
1/2 кг мелени бисквити
1 шолја топло млеко
1/2 шолја шеќер
1 пакување маргарин
200 г темно чоколадо за готвење
За валкање:
Кокос
Подготовка:
Ставете ги мелените бисквити во сад, па додајте ги млекото, шеќерот и маргаринот. Добро измешајте, додајте го претходно растопеното чоколадо и месете додека смесата не стане хомогена. Потоа, од смесата обликувајте топчиња и извалкајте ги во кокос. Од оваа количина се добиваат 30 топчиња.