
Џорџина ја покажа својата совршена фигура на јахтата.
Џорџина Родригез беше фотографирана на луксузна јахта на Мајорка, каде што снимаше нова кампања за познат бренд костими за капење.
Додека Кристијано Роналдо е зафатен со подготовките за претстојното Светско првенство, неговата свршеница Џорџина Родригез искористи неколку слободни дена за да се опушти, но и да се погрижи за работата.
Атрактивната бринета беше фотографирана на луксузна јахта покрај брегот на Мајорка, каде што снимаше нова кампања за брендот костими за капење чие лице стана. Папараците ги забележаа моментите од снимањето, а фотографиите набрзо го обиколија светот.
Georgina Rodriguez was spotted out in the Spanish sunshine 02.06.2026#GeorginaRodriguez https://t.co/i6lpyMSo83 pic.twitter.com/ht1JLVyGdh
— HQCelebCorner (@Pawe66862800) June 4, 2026
Џорџина за време на снимањето смени неколку модели на едноделни костими за капење кои ги истакнуваа нејзините облини. Таа позираше на палубата на јахта.
По фотосесијата, Џорџина уживаше во морето и сонцето, покажувајќи дека успешно ги комбинира работата и одморот. Во меѓувреме, Кристијано Роналдо ги завршува подготовките со португалската репрезентација пред почетокот на Светското првенство во Америка.
Многумина веруваат дека Џорџина наскоро ќе му се придружи, особено откако почна да споделува содржини поврзани со Светското првенство на социјалните мрежи.