
Ќе ви треба:
За лимонада:
4 големи лимони
1 литар ладна вода
100 г мед
10 свежи листови од нане
За сервирање:
мраз
кришки лимон
свежи гранчиња од нане
Подготовка:
Добро измијте ги лимоните. Потоа исцедете го сокот од лимоните, а еден сочувајте го и исечете го на тенки парчиња. Измешајте ја водата, медот и сокот од лимон додека засладувачот не се раствори. Потоа протријте ги листовите од нане меѓу прстите за да ги ослободите есенцијалните масла, а потоа додадете ги во лимонадата со парчињата лимон. Потоа оставете го пијалокот во фрижидер половина час. Потоа наполнете ги чашите со мраз и сипете ја лимонадата, а потоа декорирајте со свежи гранчиња од нане и парчиња лимон. Потоа додадете газирана вода во лимонадата.