
Дваесет години откако светот беше запознаен со суровата Миранда Пристли и нејзиниот асистент Енди Сакс, екипата на култниот филм „Ѓаволот носи Прада“ се собра повторно.
Гламурозната европска премиера на долгоочекуваното продолжение се одржа во Лондон,а црвениот тепих на плоштадот Лестер се претвори во модна писта што целосно ги оправда високите очекувања. Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи се вратија на своите иконски улоги, потврдувајќи дека магијата на филмот што ги обележа генерациите е сè уште жива.

Апсолутната ѕвезда на вечерта, Мерил Стрип, се појави во облека достојна за самата Миранда Присли. Актерката му оддаде почит на својот лик со комбинација од модната куќа “Прада”.

Ен Хатавеј се одлучи за смела и гламурозна креација – носеше темно син кадифеен фустан изработен по нарачка од „Ателје Версаче“, со структуриран корсет.

За разлика од Ен, Емили Блант избра огнено црвена боја – нејзиниот фустан по нарачка беше дизајниран од модната куќа “Баленсијага”.