
Една конкретна особина се покажа како одличен показател за сексуална вештина, бидејќи укажува на тоа дека мажот е опуштен во најразлични ситуации.
Женскиот оргазам отсекогаш бил сложена тема, а многу мажи сè уште имаат потешкотии целосно да разберат што сè тој подразбира. Бројни фактори влијаат врз тоа каков љубовник ќе биде еден маж и дали интимната средба ќе биде добра или лоша. Сепак, според едно неодамнешно истражување објавено во списанието Socioaffective Neuroscience & Psychology, одредени особини укажуваат на тоа дека е поголема веројатноста еден маж да биде вешт љубовник – и поспособен да ѝ помогне на жената да доживее оргазам – отколку маж кој ги нема овие квалитети. Испитувајќи ја сексуалната историја на жените, експертите се обидоа да утврдат какви партнери овозможуваат најдобри сексуални искуства и најредовни оргазми, пренесува City Magazine.
Во истражувањето учествуваа жени на возраст до 69 години кои не се во врска или брак; истражувачите сметаа дека жените кои се во врска можеби чувствуваат потреба да ги оценат своите сегашни партнери подобро отколку што тие навистина заслужуваат. Во текот на 70-минутна проценка, учесничките одговараа на низа прашања за својот сексуален живот. Врз основа на нивните одговори, истражувачите заклучија дека жените ги доживеале своите најдобри сексуални искуства со – мажи кои имаат смисла за хумор.
Смислата за хумор се покажа како одличен показател за сексуалната вештина, бидејќи укажува на тоа дека мажот е опуштен во различни ситуации – вклучително и во оние интимните – што е од суштинско значење за добра комуникација меѓу партнерите, а со тоа и за добар секс.
Креативноста е уште една таква особина. Мажите кои се креативни во другите сфери од животот, полесно ја изразуваат таа креативност и во кревет. Мажите што ги поседуваат овие особини покажуваат поголем интерес за сексуалното задоволство на своите партнерки, за разлика од мажите кај кои тие недостасуваат.