
Луиза Џејкобсон, најмладата ќерка на легендарната актерка Мерил Стрип, направи неочекуван скок од серијата „Позлатеното доба“ директно на модната писта. На „Њујоршката недела на модата“ таа дебитираше како модел за брендот „Eckhaus Latta“, потврдувајќи го својот статус на новата „it“ девојка која успешно балансира помеѓу Холивуд и високата мода.
Луиза (34) носеше комбинација од пругаста кошула и карирано мини здолниште со сандали и чанта од велур, изгледајќи природно и самоуверено. Појавувањето на модната писта означува нова фаза во нејзината кариера – преминот од првиот ред на ревиите во модната игра.

Дизајнерите во „Eckhaus Latta“ обожаваат да ангажираат уметници, а Луиза, со диплома од престижниот универзитет Јеил и актерскиот талент на нејзината мајка, Мерил Стрип, совршено се вклопува во таа визија. Критичарите ја опишаа нејзината ревија како позрела, со носливи парчиња и суптилна сензуалност.
Додека нејзината мајка останува холивудска икона, Луиз полека го гради својот моден идентитет и можно е наскоро да ја видиме во кампањи за големи брендови.