
Иако има една од најуспешните кариери во Холивуд, Џенифер Лоренс очигледно најмногу ужива во својата приватна улога – онаа на мајка на два сина.
Џенифер Лоренс се обиде да остане незабележана за време на опуштената семејна прошетка низ улиците на Њујорк, но фотографите не ја пропуштија. Добитничката на Оскар се прошета низ градот со својот сопруг Кук Марони и нивните две деца, обидувајќи се да се држи подалеку од љубопитните погледи.
Џенифер Лоренс се обиде да остане незабележана за време на опуштената семејна прошетка низ улиците на Њујорк, но фотографите не ја пропуштија. Добитничката на Оскар се прошета низ градот со својот сопруг Кук Марони и нивните две деца, обидувајќи се да се држи подалеку од љубопитните погледи.

Џенифер со своето семејство на улиците на Њујорк
Џенифер и Кук, кои се венчаа во 2019 година, најчесто го држат приватниот живот подалеку од очите на јавноста, а се особено претпазливи кога станува збор за нивните две деца. Тие го добија својот прв син, Сај, на почетокот на 2022 година, а го избраа неговото име по американскиот сликар Сај Твомбли, омилен уметник на Кук Марони, кој е галерист по професија. Три години подоцна, семејството се прошири за уште еден член. Џенифер повторно стана мајка, а вториот син, според странските медиуми, го доби името Луи. Сопружниците сè уште официјално не го потврдија неговото име.

Иако не зборува често за мајчинството, Лоренс претходно отворено опиша како раѓањето на нејзиното прво дете ѝ го променило животот.
„Кога имаш деца, тоа сè менува. Го менува целиот твој живот. Тоа е брутално и неверојатно“, рече актерката. Таа се присети и на првите денови по породувањето, за кои нејзините пријатели ја подготвиле однапред. Беше предупредена дека силната врска со детето можеби нема да се појави веднаш, но со Џенифер беше сосема поинакво. „Утрото по породувањето, се чувствував како мојот живот да започнува. Бев толку среќна, исполнета и заљубена во мојот син. Веднаш ги засакав сите други деца околу мене“, рече Лоренс.