ИТАЛИЈАНСКИ БРУСКЕТИ НА ДОМАШЕН НАЧИН: Идеални за убава вечер со пријателите

popara20 јануари, 20261min00
shutterstock_2648232557

Ќе ви треба:

1 чиабата
3 чешниња лук
250 г мини домати (по можност и црвени и жолти ако имате)
150 г козјо сирење или моцарела
10 црни маслинки
1 китка свеж босилек
маслиново масло
сол, бибер

Подготовка:

Исечете ја чиабата на малку подебели парчиња. На добро загреана тава за скара, пржете ги парчињата од двете страни во малку маслиново масло. За филот, измијте ги и исушете ги мини доматите. Пресечете ги на половина или на четвртини, во зависност од големината. Ситно исечкајте две чешниња лук. Во сад измешајте ги мини доматите, сечканото козјо сирење (или сечканата моцарела), сечканиот лук, исечканите маслинки и искинатите листови босилек. Зачинете сè со сол, бибер и прелијте со 4-5 лажици маслиново масло. Измешајте, а потоа прелијте ги препечените парчиња леб.