
Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во непријатна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир, која во тој момент се повлече.
Моментот е снимен во четвртокот на 12 ноември на тркалезната маса на европските лидери, а фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи.
На нив се гледа како Макрон се навалува кон Фростадотир со насмевка за да ја прегрне. Исландската премиерка се тргна и ја држеше раката на неговото рамо, пишува британски Дејли Мејл.
Во тој момент таа погледна кон фотографот, а изразот на нејзиното лице многумина на мрежите го протолкуваа како непријатност.
Макрон, пак, остана целосно опуштен, продолжи да се смее и да го гледа соговорникот во очи.
Не е јасно дали Фростадотир намерно ја избегналa прегратката или тоа бил само непријатен момент при поздравувањето.
Фростадотир е најмладиот премиер во историјата на Исланд, а таа е на функција од декември 2024 година. На деветтиот самит на Европската политичка заедница во Даблин дојдоа повеќе од 50 лидери.