
Елегантната маслинесто зелена боја ги освои модните писти и црвените теписи. Џенифер Лопез покажа зошто овој тренд е идеален за жени од сите возрасти.
Џенифер Лопез присуствуваше на 25-от Меѓународен латиноамерикански филмски фестивал во Лос Анџелес, чија церемонија на отворање се одржа во Кинескиот театар TCL во Холивуд.

Познатата актерка и пејачка се појави во впечатлива маслинесто зелена тоалета, која привлече внимание благодарение на смелите прорезови на струкот и деколтето. Посебен шмек на облеката му дадоа големи златни ланци украсени со кристали, кои го красеа вратот и струкот. Фустанот имаше и висок прорез што дополнително ги истакнуваше нејзините нозе и елегантна фигура.

Џенифер го комплетираше својот изглед со чантичка, сандали со високи потпетици и јакна-бомбер со патент украсена со луксузни пердуви. Американската ѕвезда остана верна на својот препознатлив гламурозен изглед, одлучувајќи се за впечатлива шминка и фризура со внимателно стилиз

Само еден ден претходно, Лопез, исто така, блескаше на премиерата на нејзиниот нов филм „Канцелариска романса“, кој доаѓа на Нетфликс. Светската премиера на романтичната комедија се одржа во познатиот Египетски театар во Лос Анџелес, каде што Џенифер прошета по црвениот тепих заедно со нејзиниот колега Брет Голдштајн.