
Еден краток клип од портокалова мачка предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, бидејќи многумина во него препознаа приказна за разочарување и невозвратени чувства.
Понекогаш се потребни само неколку секунди за едно видео да ги освои социјалните мрежи.
Токму тоа се случи со видеото од портокаловата мачка, кое многумина ги насмеа, но и растажи, бидејќи во него препознаа ситуација низ која самите некогаш поминале.
Видеото прикажува мачка како носи фатен глушец во устата и полека се приближува кон друга мачка.
Меѓутоа, кога ѝ се приближил, наишол на неочекувана глетка, во тој момент таа била целосно посветена на другата мачка, која нежно ја лижела и галела.
Портокаловата мачка застана неколку моменти, како да се обидуваше да разбере што се случува. Потоа го фрли својот плен на земја, се сврте и без ниту еден „протест“ тргна во спротивна насока.
Иако никој не знае што всушност се случило и дали глувчето навистина било наменето за мачката, интернетот веднаш ја напиша својата верзија на приказната.
Многу корисници на социјалните мрежи заклучија дека мачката донела подарок на својата симпатија, само за да ја најде со некој друг. Затоа видеото предизвика лавина од коментари и собра милиони прегледи.
„Тој не направи сцена, не побара внимание, само се сврте и си замина“, напиша еден корисник.
Други се пошегуваа дека мачката покажала повеќе достоинство од многу луѓе по романтично разочарување.
Секако, експертите предупредуваат дека честопати им ги припишуваме човечките емоции и мотиви на животните. Сепак, токму оваа можност за различни толкувања го направи ова кратко видео вирален хит.